Стјуардеси | Македонија

Печати PDF
21.X. | 20:00 |
СТЈУАРДЕСИ
ТЕАТАР КОМЕДИЈА, Р. МАКЕДОНИЈА

автор
Марк Камолети
режија
Синиша Евтимов
сценографија
Илина Ангеловска
костимографија
Илина Ангеловска
музика
Драган Ѓаконовски Шпато

актери:
Атанас Атанасовски
Валентин Костадиновски
Марија Кондовска
Кристина Ласовска
Жаклина Петровска
Тања Мицков

Претставата „Стјуардеси“ е во
режија на Синиша Евтимов работена
по делото „Боинг боинг“ на Марк
Камолети. Сценографијата и
костимографијата се на Илина
Ангеловска, а музиката е на Драган
Ѓаконовски Шпато.
Во улогата на Бернард игра Атанас
Атанасовски, неговиот пријател Роберт
го игра Валентин Костадиновски –
Тино, куќната помошничка Берта е
Марија Кондовска, а стјуардесите ги
играат Жаклина Петровска – Глорија,
Кристина Ласовска – Габриела и Тања
Мицков – Грета.
Се работи за една класична фарса.
„Стјуардеси“ има седум врати и многу
необјасниви ситуации. Бернард е
успешен архитект, кој има фантастичен
стан, домашна помошничка и ја има
формулата за совршен, полигамен
живот. Оваа формула се обидува да му
ја претстави на својот најдобар
пријател Роберт.
Формулата за совшрен живот е да се
има три стјуардеси од три различни
компании, кои патуваат секој ден
во Скопје и за секој ден има по
една различна девојка вереница. Но
равенката многу брзо се распаѓа и сите
непријатни ситуации се случуваат во
еден стан, еден вереник, три вереници
и неговиот најдобар пријател и Берта
домашната помошничка која се труди
да одржи се во најдобар ред.


DSC_0901

DSC_0937

DSC_0973

DSC_1000

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017