Шумата на моето дрво | Р. Македонија

Печати PDF
18.X. | 20:00 | Мала сцена
ШУМАТА НА МОЕТО ДРВО
продуцент:
Северно од Импакт
ко-продуцент:
НТ ЈХК Џинот


режија:
Александар Ивановски
автор:
Сашо Димоски
Фотогрфии
Борче Конзулов
Видео спот:
Крсте Шупев

актери:
Васил Зафирчев
Сашко Костов

„Шумата на моето дрво“ е поток
од зборови и пулсирачки мускули
која отвора поглед кон еден
немирен свет. Тоа е ноќна одисеја
низ мекиот стомак на една шума
во изумирање, од страна на човек
кој се обидува да најде смисла во
неговиот живот и во аутсајдерскиот
статус на странец.
Со гради полни епски здив, низ
полифоната карактеризација,
неименуваниот лик не затвора
внатре во нашите сопствени
стравови, стравот од себе, но
главно во стравот од другите,
таканаречениот „политички
нихилизам од крајот на 20-от век,
на свет надвор од двозначноста,
онаа на колективната и на
индивидуалните приказни“.
Може ли оваа метафоричка визија
на другите да не присили да го
согледаме сопствениот одраз?
Одраз на лица со темелно стоички
и безизразен став кон осаменоста
на другите? Ликот кој говори во
оваа медитација е метонимична
фигура на исклучувањето,
низ кој претставата говори за
„исклучените“, за микроорганизмите
на капиталистичкото општество
во контраст со сеприсутните
расположенија на човекот кој е како
и сите други.

sumata1

sumata2

sumata3

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017