Ништо без Трифолио | Р. Македонија

Печати PDF
16.X. | 20:00
НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО
НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, Р. МАКЕДОНИЈА

Автор:
Русомир Богдановски
Режија:
Коле Ангеловски
Сценографија:
Илина Ангеловска
Соработник за сценографија:
Пеце Ристески
Костими:
Раде Василев
Музика:
Томе Темелкоски
Кореографија:
Кире Миладиноски

Играат:
Андон Јованоски
Даниела Иваноска
Наташа Наумоска
Ангела Наумоска
Илија Волчески
Александар Тодески
Марјан Чакмакоски
Димитар Црцороски
Димитар Ѓорѓиевски
Марија Спиркоска Илијеска
Михајло Миленкоски

„Ништо без Трифолио“ во режија
на Коле Ангеловски е весела
комедија која со својата динамика
и кохерентна структура носи силен
пулс на современоста. Авторот
Русомир Богдановски го нарекува
ова свое дело „комедија во грчко-
римски стилнапишана по средбата
со веселиот дух на римскиот
комедиограф ПУБЛИЈ ТЕРЕНЦИЈ
АФРИКАНЕЦ, кој ослободен од
телото на својот господар во 159
година пред нашата ера, лута
низ вековите“. Сите сплетки и
недоразбирања произлегуваат од
една основна тема – потрагата по
љубов, и сè што се случува на сцената
е поврзано со љубовта. Богот Амор е
двигател на дејството, а Трифолио,
интелигентен и снаодлив, управува
со ситуациите и ги држи сите конци
во своите раце. Трифолио ја наоѓа
мотивацијата во својот непоправлив
хедонизам, а оттаму произлегува
и комичноста. Сложеното и вешто
водење на двојните заплети, забуните,
богатството на карактерите, нивните
слабости и проблеми, специфичниот
и богат јазик – сите овие елементи
создаваат претстава во која ќе ги
препознаеме современите семејни и
љубовни проблеми на младите, но и
на постарите.

prilep1

prilep2

prilep3

prilep4

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017