Федра

Печати PDF

НУЦК ТЕАТАР “ЈОРДАН Х.К. - ЏИНОТ“ И
СЛОВЕНСКО МЛАДИНСКО ГЛЕДАЛИШЧЕ
МАКЕДОНИЈА / СЛОВЕНИЈА

Играат:
Маруша Облак
Васил Зафирчев

Автор: Сашо Димоски
Режија: Александар Ивановски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Раде Василев
Музика: Сашко Костов

“Дали смртноста е последица од волјата на боговите за подбар свет? Каде завршува телото, каде почнува душата, која е границата на небото? Што е светот, или подобро – што направивме од светот денес, кога никој друг не останал за да соучествува под сонцето? Кои сме јас и ти? Дали конечно умревме за да ја спознаеме сопствената непознатост? Во оваа љубов, колку болки неможност тежи телото? Ова мое-твое тело, оваа пречка да ми излезе душата од отворите и да влезе во отворот на твојата мисла, на твојата непознатост, да ја пополни, да направи од неа дом? Каде се оди кога нема каде да се стигне? Ако знаеш онолку колку што не знам, премолчи и така кажи ми. Не убива љубовта. Идејата за таа љубов уништува. “
Сашо Димоски


“Претставата Федра, по текст на Сашо Димоски, во својата основа ја има митската матрица за Федра и Хиполит, од која се извлечени современи читања и толкувања. Според тоа, режисерската постапка во поставувањето на оваа претстава, пред сè се занимава со машко-женските односи од аспект на релација меѓу повозрасна жена и помлад маж. Покрај тоа, вториот главен постулат, кој произлегува од билингвалноста на претставата, е односот меѓу странецот и домаќинот, што во една постпазарна етика и естетика, ги театарализира феноменот на глобализација, односот центар-периферија, детерминантите на моќ и аутсајдерство. Фатализмот, како резултат од неможноста за заокружување на љубовната приказна меѓу Хиполит и Федра пак, е средство кое го акцелерира драмското дејство, а додека околноста заради која немоќта постои ја прави претставата место со згуснато значење, пуст остров од кои исчезнуваат и последните жители.“
Александар Ивановски, режисер

FullSizeRender

2

5_1

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017