Електра

Печати PDF

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Р. МАКЕДОНИЈА

Играат:
Дарја Ризова
Александар Ѓорѓиоски
Звезда Ангеловска
Славиша Кајевски
Борче Начев
Никола Ацески
Славиша Кајевски
Борче Начев
Звезда Ангеловска
Александар Михајловски
Анастасија Ташковска
Михаела Николоска
Арна Шијак

Сценски текст, режија, концепт на светлосен дизајн:
Андриј Жолдак
Сценографија: Андриј Жолдак и Лукас Нол
Костимографија: Лукас Нол и Даниел Жолдак
Композитор: Сергеј Патрамански
Асистент на режисерот: Никола Кимовски
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Камерман: Kузман Клековски
Автор на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Асистенти на сценографот:
Тања Блажевска - Христова, Даниел Жолдак
и Илина Ангеловска
Инспициент: Никола Кимовски
Тон: Александар Арсиќ
Светло: Илија Тарчуговски
Манипулант на погон: Костадин Велков

Приказна базирана врз античкиот мит за клетвата и зa злосторството во едно кралско семејство и за тоа како Господ ги казнува вашите деца. Зашто сите ние стануваме одговорни за постапките на нашите родители, дедовци и прадедовци (сакале или не). Ние сме, исто така, одговорни и за нашите сопствени постапки, тие што ги правиме сега, не помислувајќи дека тие не врзуваат со нашите деца и со децата на нашите деца.
Оваа претстава ќе ја истражува суровоста скриена во длабочината на човековото битие, во неговата/нејзината потсвест (која не се гледа или, можеби, спие), за во некој историски миг (критичен за државата, за семејството или за самиот човек) таа наеднаш да избега и да стане сила што целосно ја презема контролата врз стварноста. Во фокусот на претставата е токму прашањето за суровоста, за длабочината до која таа продира внатре, во човековото битие - до километар или до повеќе километри. Зошто човекот, во одредени ситуации, станува понасилен отколку што умее да биде насилен билниот или животинскиот свет?
Сестрата Електра и братот Орест решаваат пак да ја воспостават праведноста и, преку нив, Господ ги казнува тие што вршат злосторства. Секој мал или поголем кримен, порано или подоцна, мора да биде разоткриен и казнет.
Сега, во 21-от век, токму како и пред илјадници години, луѓето навистина не умеат соодветно да одговорат на прашањето: „Што, во екстремните ситуации, бива со човечкото суштество, со човекот?“ Како што напишал Фјодор Михајлович Достоевски, човечката душа е во темница. А Георг Бихнер, пак, заклучил дека, доколку се загледаме во човечката душа, ќе ни се пристори дека се загледуваме во амбис и „ќе ви се зашемети од тоа што ќе го видите“.

Elektra_006

Elektra_011

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017