Лисистрата

Печати PDF

НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА - СКОПЈЕ и АРТМЕДИА

Р. МАКЕДОНИЈА

Играат:

Јелена Жугиќ
Атанас Атанасовски
Жаклина Петровска
Едмонд Сотир
Нина Деан
Жарко Димоски
Зорица Нушева
Илија Илиоски
Кристина Ласовска
Валентин Костадиновски - Тино

Автор: Аристофан
Режија: Наташа Поплавска
Музика: Oгнен Атанасовски
Кореографија: Oлга Панго
Костимографија: Елена Лука
Дизајн и сцена: Емил Петро
Дизајн на светло: Милчо Александров

Лисистрата е приказна за една жена Атињанка, која ќе се обиде да го направи, она што никој пред неа не смеел да помисли, а камо ли да се осуди да го спроведе, а тоа е да ги собере жените од различните полиси (градови) од Грција на едно место и со една цел – да се спротистави на воспоставениот поредок (владеење исклучително на мажите и на војната) и да донесе мир. Таа, Лисистрата ќе умее да ја препознае силата на жената која со векови одлучила да остане покорна и од сферата на најдлабоката приватност ќе ја извлече интимата/сексот како оружје кое ќе ѝ зададе удар на целата олигархија, на неправедноста на системот во кој малкумина профитираат на грбот на сите, потребата за континуирана војна - Лисистрата од својата кожурка на затворен свет во четирите ѕида на огништето, ќе стане никулец кој е тука да креира нова  насока на јавната мисла. Лисистрата може да биде прочитана и само како лоша замисла за она што претставува жена видена низ призма на еден маж, (Аристофан е сепак машки писател), а жените во целиот текст се претставени, како лековерни, промискуитетни, површни, но воедно не смее и не може да се предвиди и дека Лисистрата освен што е само вака опишана жена, далеку поважно е што претставува слика на разбудениот народ (полисот) и неговиот глас.  И за мене една од поважните, ако не и најважната е пораката. Па дури и кога жената е поголем маж од сите мажи заедно, тоа го прави во име на мир.



Lysistrata_poster_clean

IMG_4776

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017