Прометеј

Печати PDF

НУ ТУРСКИ ТЕАТАР - СКОПЈЕ
Р. МАКЕДОНИЈА

Автор: Есхил
Превод: Фуркан Акдерин
Режија: Дејан Пројковски
Главен соработнк на режија: Дамјан Читкушев
Сценограф : Владо Ѓорески – Рафик
Костимограф: Благоја Мицевски
Музика: Горан Трајкоски
Кореографија : Олга Панго
Асистент на режија: Сибел Абдиу

Играат:
Селпин Керим
Џенап Самет
Сузан Акбелге
Неат Али
Осман Али
Аксел Мехмет

Хор:
Марија Димитрова, Надица Петрова, Марија Петреска,
Аница Бебиќ, Анастазиа Христовска, Никола Стефанов, Филип Трајаноски, Милош Стојковиќ,
Антонио Китановски, Филип Миленкоски,
Александар Иваноски, Денис Давитковски
* Студенти по актерска игра во класата на Дејан Пројковски
на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА

Оваа претстава мислам дека единствено можеше да се роди само во Турскиот театар каде што една група луѓе дишат и сонуваат театар.Прометеј е претстава каде што јас собрав актерска екипа и соработници со кои сакавме заедно да експериментираме и да се втурнеме во непознатото. Станува збор за една доста радикална, експериментална форма која ја создававме на пробите и која ни носеше голема возбуда на сите.
Претставата носејќи ја главната тема на Прометеј кој го подарува огнот на луѓето,некако се движи по една специфична своја патека. Тој оган во нашата претстава често станува и ОГНОТ со кој сред бел ден ликовите го бараат човечкото во себе,се бараат самите себеси, го бараат човекот. Тој оган всушност станува еден вид нивна совест,нивни очи,поглед,нивно срце и тело...
Претставата постојано се занимава со реконструкција и деконструкција на светот на Прометеј, но и на сите внатрешни теми и дилеми. Заедно со екипата создадовме еден сопствен измислен антички тип на театар кој тргнува од основните принципи на античката драма.
Нашиот Прометеј е лабораторија за антички театар. Во таа лабораторија ќе видите шокантна актерска игра која често ја тестира до крајни граници актерската и човечката издржливост и ја покажува посветеноста на театарот.

DSC_4230

DSC_4235

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017