Електра

Печати PDF

ТЕАТАР “АЛЕКСАНДАР МОИСИУ” И ЛАЕРТИС ВАСИЛУ
Р. АЛБАНИЈА

Играат:
Ера Чауши
Амос Захариа
Моза Марјанаку
Вилма Ходо
Ѓерѓ Дочи
Бесмир Битраку
Суела Бако
Џејни Фама

Автор: Софокле
Превод и режија: Лаерт Васили
Сценографија и костуми: Стела Лакнори

Претставата е базирана на високо ограничени техники, кои потекнуваат уште од воениот брод на Дионис и кои им овозможуваат на актерите да одат уште подалеку во нивната интерпретација на она што денес го нарекуваме „трагедија“! Енергијата која произлегува од телото го прикажува видот на гестикулациите во нивната става! Катарзата ќе се достигне единствено со аплаузот!
Претставата е соработка помеѓу театарот „Александер Моисиу“ од Драч, основан во 1953 година и Лаертис Василу, контроверзен грчко-албански режисер кој студираше на Универзитетот за уметности во Тирана и на Школата за драма на Националниот театар на Грција во Атина. Тој е добитник на наградите: „Најдобар режсер“ на Балканскиот фестивал во 2005 година, наградата „Иднината на Мес“ на Меѓународниот театарски фестивал „Мес“ во Сараево во 2008 година и на Специјалната награда на „Атенс куир“ (фестивал на хомосексуални филмови) во 2012 година.
Оваа престава премиерата ја доживеа на 11-ти јануари 2015 година, на прославата на 62-та годишнина на театарот „Александер Моисиу“. Оттогаш претставата е играна во Тирана, Корча, Драч и на Меѓународниот театарски фестивал „Бутринти“ и на сите остави силен впечаток врз публиката!

IMG_6320

IMG_6466

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017