Античка крв

Печати PDF
ТЕАТАРСКА ГРУПА РОЕС ДЕНС
ГРЦИЈА
Играат: 
Леда Протопсалти
Маниа Пападимитриу
Александра Сакеларополу
Вики Пападополу
Иро Саиа
Антигони Фрида
Клое Мантзари
Зои Милона

Режија и кореогорафија:
Софија Спирату
Музика: Ставрос Ксаракос
Костими: Дафне Валенте
Сценографија:
Манолис Пантелидакис
Избор на текст и превод:
Костас Георгусопулос

Драмата „Античка крв“ е претстава за врската помеѓу жените и моќта, љубовта, смртта, времето сегашно и идно по смртта. Се истражуваат античкиот и примитивниот патос како што се прикажани преку каракатеристичните женски карактери како што се Електра, Клитемнестра, Касандра и Хекуба.
Оваа продукција претставува неколку од најпознатите актерки во Грција, како што се г-ѓа Леда Протопсалти и г-ѓа Маниа Пападимитриу, како и оригиналната музика од прочуениот композитор, г-дин Ставрос Ѕархакос. Режијата и кореографијата се на Софиа Спирату, уметничката директорка на танцовата-театарска дружина „Роес“.
Структурата на драмата е составена од монолози кои произлегуваат од античките грчки трагедии. Монолозите се испрекинати со серија од хорски оди, или лирички или филозофски, кои се исто така земени од античките трагедии и кои, додека искуствуваат и мирисаат крв, самобендисаност, казна, го потикнуваатт екстремното однесување и страст. 
Сцената на претставата е исполнета со земјена прашина, камења и два антички гроба, преку кои женските ликови се превиткуваат за да жалат.
Звучната поставка е составена од природни звуци: крици на птици, стенкање на ветрот, камења кои се судираат и се тркалаат по падини, капење на вода, човечки гласови кои пеат, дишење и викање.

P5160023

P5160193

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017