Тони Китановски Трио

Печати PDF

toni-3 

Тони Китановски – гитара
Иван Бејков – бас
Виктор Филиповски – тапани

Триото изведува авторска музика на Китановски инспирирана воглавно од жанрови чии длабоки корени се во Африканската музика. Тони себеси се смета за џез музичар а џезот го разбира според дефиницијата на Дјук Елингтон – Музика на човековиот род.
Иван Бејков е басист активен во повеќе жанрови. Член е на македонската филхармонија, на студискиот оркестар ФАМАС посветен на снимање на филмска музика, активен е како џез и рок музичар. Тој е стар пријател на Тони со кого соработувал на неколку музички изданија и Европски турнеи.
Виктор Филиповски е еден од најнадежните млади музичари во земјава кој наскоро ќе дипломира на Џез академијата во Штип.
Тони Китановски е гитарист/композитор/ аранжер и раководител на Одделот по џез студии на Музичката академија во Штип. По осумгодишното менторство на Драган Ѓаконовски – Шпато, се здобива со полна стипендија од престижниот Беркли колеџ од Бостон каде дипломира 1996. За време на студиите му е доделена наградата Чарли Мингус за особен придонес во областа на западно-европскиот музички израз.
Изминативе три години покрај бројните настапи во земјава и странство , издава три свои албуми ( „Шукар“, Тони Китановски и Черкези –издание на ЕНЈА од Минхен - со извонредни критики во светот меѓу другите и во магазинот Ролинг Стоун, „ Бостон“ и „ 3х3“ за СЏФ Рекордс). Како продуцент/композитор и изведувач се јавува на уште три ЦД изданија („Ел Равал“ – Васил Хаџиманов трио, „Кубалкан“ – Оскар Салас со македонски музичари и „Три Света“ на Амалиа Бараона. Автор е на музиката на играните филмови „Movie“, „Медена ноќ“ (снимена со Биг Бендот на Љубљанско Радио во студиото на Радио-Телевизија Словенија) и „Само за губитници“ на режисерот Иво Трајков . Во моментов работи на музиката за играниот филма „Црна игла“ на Иван Мариновиќ. Неговата химна нарачана од Европската џез асоцијација беше изведена во Бари, Италија 2012.

Новости новости

Error: Any articles to show

sponzori2017