За фестивалот

Е-пошта Печати PDF
ЗА НАС

Во изминатите тринаесет години, успеавме да создадеме фестивал, кој може да реконструира сцени од минатото. Како временска машина, фестивалот на античка драма СТОБИ, презентира моќна слика на минатото, која можеме само да си ја замислиме. Неговата локација, неговиот амбиент, неговата перфектна природна околина може да Ве „однесат“ во временски период за кој само може да си фантазирате.

Главната цел на ФАД Стоби е да промовира и создава мултикултурна размена преку промоција на антички текстови и драми. ФАД Стоби и во иднина ќе ги презентира различните култури од светот, и нивините гледишта и креации на антички драми; ФАД Стоби ќе се обиде да ја доближи античката драма на сите конзументи во автентични антички услови; ФАД Стоби ќе продолжи и со промоција на античкиот локалитет СТОБИ како еден од најстарите и најголемите локалитети во Македонија.


zanas_3

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

Сите претстави се одигруваат на сцената на античкиот амфитеатар СТОБИ. Техничките потреби се нашата најголема грижа во рамките на фестивалот, поради специфичните услови за поставување на истите. Досега успешно ги обезбедивме сите потреби за изведба на претставите, како и за подобрување на околината за да се постигне комплетно „античко“ искуство. Логистички сме поддржани од две национални институции театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ и „Драмскиот театар“ од Скопје.


НАГРАДИ

ФАД СТОБИ е фестивал со натпреварувачки карактер. Има повеќе награди за посебни достигнувања на полето на театарот. Најдобра претстава на фестивалот, Најдобра машка и најдобра женска улога.

zanas_2

Новости новости

Prev Next

10.09 - Античка крв - Роес денс театар о…

10.09 - Античка крв - Роес денс театар од Р. Грција

Гостува театарот Роес Денс од Р. Грција - почеток 20:00 часот

08.09 - Свечено отворање со концерт на Т…

08.09 - Свечено отворање со концерт на Тони Китановски Трио и претставата „Антигона“

концерт Тони Китановски Трио - почеток 20:00 часот и претставата „Антигона“ - Р. Турција - почеток 22:00...


Sponzori2015